Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кои се можните противници на Вардар во 1/8 и евентуалното 1/4 финале на ЛШ
Кои се можните противници на Вардар во 1/8 и евентуалното 1/4 финале на ЛШ

Кои се можните противници на Вардар во 1/8 и евентуалното 1/4 финале на ЛШ

Вардарци утре ќе го одиграат последниот натпревар во рамките на групната фаза, по што ќе го дознаеме противникот во осминафиналето, како и можниот противник на Вардар во четвртфиналето, односно последната пречка до пласман на завршниот турнир во Келн.

Нема многу теории за конечниот пласман на црвено-црните во групата А. Доколку го победиме Монпелје, а Веспрем загуби во Полска, тогаш Вардар ќе заврши на второто место. Кои се нашите противници, во случај да го освоиме второто место. Во осминафиналето би играле со екипата на Спортинг Лисабон која успеа да го елиминира тимот на Динамо Букурешт, во оние двете послаби групи. Доколку Вардар би ги поминал португалците, а би биле големи фаворити во овој осминафинален двомеч, тогаш во можното четвртфинале би се сретнале со победникот од дуелот помеѓу Фленсбург и шестопласираниот во нашата група ( Брест, Мешков, Монпелје или Кристијанштад). Во споменатава варијанта, доколку Вардар утре слави, Монпелје никако не би се пласирал во следната елиминациска рунда, па поблиску до противник на Флесбург, се екипите на Брест Мешков или Кристијанштад. Дали е можна реприза на 1/4-финалето од 2017 година, кога Вардар усбедливо го порази бундеслигашот и во истата сезона ја освои Европската титула останува да видиме….

Доколку Веспрем утре победи, тогаш без разлика од исходот во Скопје, екипата на Веспрем ќе го освои второто, а Вардар третото место, што во овој случај? Вардар во осминафиналето за противник може да ги има екипите на ППД Загреб или Мотор Запорожје. Моментално на 6.место се наоѓа екипата на Загреб, но во последното коло ќе биде познато и во оваа група конечниот пласман на табелата. Доколку Вардар ја помине осминафиналната рунда, тогаш во четвртфиналето ќе се судри со победникот од дуелот, Пик-Сегед и ( Силкеборг-Висла Плок), иако Силкеборг со една нога е веќе пласиран во 1/8 финалето, со оглед дека славеше на гостувањето во Полска со четири гола разлика. Со кој и да игра во осминафиналето, Пик Сегед е голем фаворит, па се поочигледно е дека унгарците би пласирале во четвртфиналето, а таму би ги очекувал дуел со тимот на Вардар.

Останува да ги проследиме завршните натпревари од двете најсилни групи, по што ќе го знаеме противникот во следната елиминациска рунда.