Ракометниот клуб Вардар на својот официјален сајт излезе со соопштение за замена на сезонските билети, за влезница за осминафиналниот дуел против ППД Загреб, истото ви го пренесуваме во целост.
Сите сопственици на сезонски влезници за натпреварите на Вардар во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/2019 во следниот период ќе имаат можност истите да ги заменат со билети за осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб закажан за 30 март во Скопје
Од петок, 8 март, па се до вторник, 19 март 2019 година ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за осмина-финалниот натпревар во ЛШ. По истекот на овој период односно од 20 март сите сезонски билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Со приоритената замена на сезонските билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале и во текот на групната фаза од Лигата на шампионите. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите за реванш осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб.
Цената на билетот за осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб ќе чини:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Од 20 март ќе почне регуларна продажба на влезници за осмина-финалниот меч и ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански”.
Приоритетната замена на сезонските билети со влезници за осмина-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – сабота) од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на сезонскиот билет заради докажување на местото што сте гу имале во групната фаза.
Повеќе информации околу замената може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980
Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.