Утрово во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше 6.коло во ракометната „Јуниор Лига„. Се одигра првиот меч, единствен кај генерацијата 2008/09 во машкиот дел, во истиот се сретнаа екипите на Ангели и Шампион, и двете екипи од Скопје. Поуспешен беше тимот на Ангели, кој славеше со резултат 8:5. Предноста беше нивна и на полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 4:2.
