Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче, младите надежи од ФК Вардар генер.2008 одигаа двомеч со тимовите на ФК Форца. Момците на Влатко Колев доминираа на двете средби и победија со вкупно 15 гола во противничките мрежи.
ФК Вардар-2 во еден темпераментен дуел го совлада тимот на Форца-2 со резултат 4-1, особено доминиравме во вториот дел во кој влеговме со минимална предност. Дуелот започна со прекрасна одбрана на голманот Лука Грчевски, кој во првиот дел имаше неколку успешни интервенции. Се играше цврсто и борбено на средината од теренот, успеавме да го скршиме ривалот преку Стефан Бранковски. Тој изби сам пред противничкиот голман откако одлично ја мина одбраната и погоди за 1-0. Резултат со кој се замина на одмор.
Вториот дел особено почетокот целосно ни припадна, имавме голем број шанси кои не ги реализиравме. Доминиравме, но неуспеававме да удвоиме со погодок. Матеј Киш погоди во пречка, Арти Азизи се обиде со глава, потоа повторно Киш шутна крај голот. Не погодивме и два пенала првиот преку Стефан Бранковски вториот преку Азизи Арти. Мораше конечно среќата да ни се насмее, момците на Колев едноставно доминираа на теренот. Почнаа да доаѓаат и погодоците. Иван Ташовски погоди за 2-0. Потоа се беше полесно, Арти Азизи веднаш зголеми на 3-0. Во последните две минути видовме уште два гола, ние погодиввме за 4-0. Стефан Бранковски со евро-гол од над 15.метра зголеми на четири предност. Противникот успеа во финишот само до пенал да намали на 4-1.
ФК Вардар-1 високо го совлада тимот на ФК Форца-1 со 11-1. Победата беше обезбедени уште по првиот период кога имавме плус пет во наша корист. Најпрвин отворивме со 1-0 преку Илија Митаноски, пота го решетавме голот на ривалот постојано. Доминиравме па на пауза заминавме со резултат 6-1. Во вториот дел остана само рутински да го одработиме. Успеавме да дадеме нови пет гола и победивме со 11-1.
Во оваа победа со десет гола имавме пет различни стрелци, Петар Блажевски погоди четири пати, три гола беа дело на Ненад Дамјаноски, два на Стефан Марковски. По еден погодок во мрежата на Форца имаа Илија Митаноски и Лука Трпевски.