Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра првиот полуфинален натпревар во рамките на купот на Македонија, помеѓу младинците на ФК Вардар и Работнички. Вардар со предност од 2:1 ќе го започне реваншот од полуфиналето на гостински терен.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Радевски, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Реџепи, Ибиши, Димоски.
Во игра влегоа уште и Виктор Пешевски и Јусуф Мустафа.
Вардар успеа да го отвори резултатот за 1:0 и да поведе уште во 11 минута од мечот кога мрежата на Работнички ја затресе Фитор Реџепи. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. Во вториот дел за само шест минути падна по еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар успеа да зголеми на 2:0 со погодокот на Џемал Ибиши во 70 минута, за само шест минути подоцна противникот да постигне гол преку Сумер Хасан и да намали на 2:1, резултат кој се покажа како конечен на овој прв полуфинален меч од купот на Македонија.