Денес во Јане Сандански се играше дел од 7.коло во Вардар Јуниор ракометната лига. Кај момците родени 2008 и 2009 година се одграа две средби. Екипите на РК Шампион и РК Ангели Вардар забележаа победи.
РК Шампион Вардар го совлада тимот на РК П.Зографски Вардар со резултат 9-6. Шампион поведе на почетокот со два врзани гола, пота ривалот намали на 2-1. Тимот на Шампион во финишот влезе со предност од 4-2, сепак нивниот противник успеа да намали на 4-3 во финишот и замина со минимална негатива на одмор на овој дуел од Јуниор лигата.
РК Партение Вардар успеа во вториот дел да изедначи на 4-4, потоа имаше и уште една резултатска симетрија на семафорот 5-5. По овој момент тимот на РК Шампион започна да доминира, тие беа подобри во играта се до крајот на дуелот. Успеаа да погодат четири пати, а примија само еден гол. Со тоа забележаа победа со резултат 9-6.
РК Ангели Вардар го совладаа тимот на РК Опш.Кисела Вода Вардар со резултат 11-7. Дуелот започна со рамноправна игра на двата тима на теренот во Јане Сандански. Имаше четири реми резултати, беше 1-1, 2-2, 3-3 и на крајот 4-4. Во последниот напад пред одморот тимот на РК Ангели повесе со 5-4 и со тој резултат замина на одмор.
Тимот на РК Ангели Вардар влезе крајно сериозно и одигра фуризно во вториот дел. Во одбраната доминираа, тоа го наградија во напад и со серија 4-1 се одлепија на 9-5. По ова противникот немаше сили да се врати во резултатска неизвесност. До крајот двата тима погодија по два пати, па екипата на РК Ангели победи со 11-7.