Кај дамите во генерација родени 2006 и 2007 година денес се одиграа две средби од 7.коло во Вардар Јуниор лигата. Натпреварите се играа во малата сала при “Јане Сандански“ во Скопје.
Екипата на РК Будимир го совлада Драчево со резултат 9-8. Најпрвин тимот на РК Будимир поведе со 0-1, на тоа драчевки одговворија со три гола во серија и го преземаа водството со резултат 3-1. Во следниот период се играше борбено, двата тима се трудеа доста во поле. Драчево замина на одмор со гол предност на своеото конто, 4-3.
Драчево добро влезе во вториот период кога успеа да поведе на почетокот со два гола предност, односно со 5-3. Следеа минути на девојките на Будимир кои влегоа во серија, тие со серија 1-5 направија целосен пресврт, играјќи крајно мотивирано поведоа со 6-8. Во финишот ја зачуваа предноста и дојдоа до победа со резултат 8-9.
Во другиот дуел во оваа генерација РК Ново Лисиче го совлада РК Драчево со 9-7. Дуелот започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 1-1. Потоа на семафорот имаше уште две резултатски симетрии 2-2 и 3-3. Во финишот тимот на РК Драчево погоди и замина на одмор со гол позитива 4-3.
Вториот период многу наликуваше на првиот, РК Ново Лисиче Вардар изедначи на 4-4. Потоа пак се играше гол за гол беше 5-5, па 6-6. Во втората половина од овој период подобро се снајде тимот на Ново Лисиче, тие дојдоа до победата откако погодија три пати, а примија само еден гол. Триумфот дојде со резултат 7-9.