Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Гуџуфи сам го реши Работнички, ФК Вардар генер. 2004 со убедлив триумф во дербито на регионалната-скопска лига
Гуџуфи сам го реши Работнички, ФК Вардар генер. 2004 со убедлив триумф во дербито на регионалната-скопска лига

Гуџуфи сам го реши Работнички, ФК Вардар генер. 2004 со убедлив триумф во дербито на регионалната-скопска лига

Вардаровата генерација 2004 успеа да го добие дербито со екипата на Работнички. Денес на теренот на Академијата, црвено-црните успеаа убедливо да го добијат мечот со Работнички, со конечни 4:0.

Тренерот Георгиевски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Каровски, Милошевски (c), Павлески, Јаневски, Дошев, Серафимов, Идризи, Ибраим, Гуџуфи.

Вардарци многу рано успеваат да го отворат резултатот, по само шест минути игра противничката мрежа ја затресе Бесар Гуџуфи, откако од корнер нафрли Павлески, во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Гуџуфи кој со глава ја заби топката во мрежата, за предност на Вардар од 1:0.

5

Гледавме вистинско дерби во оваа генерација и двете екипи ги посакуваа бодовите, па гледавме вистинска борба на теренот. Работнички се закани во два обиди во краток период, но ништо опасно кон нашиот гол, Наум Ангелов е присебен и ги прибира двата удари во свои раце. Во прилика кај црвено-црните повторно се најде Гуџуфи по асистенција на Дошев, кој од лева страна, бие откосо, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Гостинската екипа до крајот на првиот дел имаше две добри шанси за израмнување на резултатот. Најпрво после уфрлена топка од корнер, еден од нивните играчи скокна највисоко, со глава ја допре топката, но таа заврши за малку над нашиот гол и во последната минута од натпреварот кога од прекин нафрли Сурлов, повторно опасност по нашиот гол, но сите честики одат за Ангелов, кој одбрани добра прилика и не дозволи гол во неговата мрежа. На полувреме, Вардар замина со минимална предност од 1:0.

1

Измени на стартот на вториот дел кај Вардар. Во игра влегоа Хајдари и Стоимов, додека теренот го напуштија Серафимов и Дошев. Токму нововлезениот Стоимов го имаше првиот удар, кој заврши над голот. Добра прилика имаа црвено-црните преку Идризи, кој се најде во добра ситуација, но одбрани голманот на Работнички. Денес Бесар Гуџуфи одигра уште еден одличен натпревар, речиси сам ја донесе победата на Вардар, повторно истиов играч успеа да запише во листата на стрелци и да го зголеми резултатот на 2:0.

3

После зголемување на резултатот се закани противникот, но нивниот удар завршува покрај нашиот гол. Нова измена направи тренерот Георгиевски, играта ја напушти Идризи, на негово место влезе Теодор Перковски. Повторно Гуџуфи индивуално, се сам направи, се ослободи од голманот и по трет пат успеа да ја погоди мрежата на Работнички, за зголемување на 3:0.

2 4

Денес тренерот на Вардар им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Во игра влегоа Попов, Стојановски, Ѓорѓиевски и Анчевски. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на гостинот, нова мајсторија на Бесар Гуџуфи, кој успева да постигне нов гол и да ги псотави конечните 4:0 на овој дерби дуел од регионалната-скопска лига.

Со овој триумф Вардар успеа повторно да се врати на врвот на табелата, со два бода предност пред Работнички и натпревар помалку за нашиот состав.