Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Нема што да кажам повеќе од тоа дека им благодарам на играчите

Парондо: Нема што да кажам повеќе од тоа дека им благодарам на играчите

Видно задоволен по натпреварот во Загреб беше тренерот на Вардарци, Роберто Гарсија Парондо кој посочи дека е горд на неговите ракометари, кои одиграле перфектно.

„Нема што да кажам повеќе од тоа дека им благодарам на играчите и дека сум многу горд на нив. Завршивме одлична работа на овој натпревар. Добро се подготвувавме за него, работевме максимално на тренинзите и сето она што беше направено на теренот беше перфектно и совршено“, изјави Парондо.

Вардар со комотна предност од девет голови разлика ќе го дочека реваншот кој ќе биде одигран идниот викенд (сабота) во Скопје.