Вардар со голема предност ќе го започне реваншот од осминафиналето во Лигата на Шампионите, откако вечерва успеа да слави на дуелот во ППД Загреб и тоа многу убедливо со резултат 18:27
„Бевме подготвени за полна сала. Нашата одбрана и голманот вечерва беа одлични, токму затоа противникот тешко играше во првото полувреме. По одморот ја сменивме првата поставата, го забрзавме темпото и само со неколку контранапади успеавме да ја „убиеме“ нивната игра, што беше нашата главна цел“. рече Чупиќ.
Реваншот се игра в сабота во Скопје.