Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Милосављев прави чуда на голот на Вардар!
(ВИДЕО) Милосављев прави чуда на голот на Вардар!

(ВИДЕО) Милосављев прави чуда на голот на Вардар!

Кога имаш голман како Дејан Милосављев помеѓу стативите, лесно е да добиеш натпревар пред повеќе од 12 илјади гледачи. Вечерва нашиот голман беше фантастичен, успеа да одбрани 14 топки и да ги откаже сите стрелци во тимот на домаќинот, почнувајќи од Златко Хорват.

Милосављев денеска е заслужено МВП со 14 одбрани од 31 удар со фантастичен просек од 45%. Погледнете дел од одбраните на нашиот голман на вечерашниот натпревар ТУКА.