Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар е веќе речиси во 1/4 финалето, вардарова лекција во сред Загреб за висока предност пред реваншот во Скопје
Вардар е веќе речиси во 1/4 финалето, вардарова лекција во сред Загреб за висока предност пред реваншот во Скопје

Вардар е веќе речиси во 1/4 финалето, вардарова лекција во сред Загреб за висока предност пред реваншот во Скопје

Вардар со голема предност ќе го започне реваншот од осминафиналето во Лигата на Шампионите, откако вечерва успеа да слави на дуелот во ППД Загреб и тоа многу убедливо со резултат 18:27

Вардар добро го започна овој натпревар, откако успеа да ги реализира своите први два напади и тоа преку Даинис Кристопанс, додека Милосављев го скроти првиот напад на домашниот тим, а Загреб не успева да постигне гол ниту после шест минути игра, период во кој Вардар имаше водство од 0:3, откако Кристопанс погоди и по трет пат од својата позиција. Навистина одличен почеток на мечот за избраниците на Парондо, кои играа цврсто во одбраната, а домаќинот во своите први два напади беше под пасивна игра. Откако Калараш доби две минути исклучување, тоа го искорист Мандиќ за да го постигне првиот гол за Загреб, дури после осум минути игра за намалување на резултатот. Нова втора одбрана за Милосављев кој одбрани зицер удар, а по 11 минути игра Загреб има постигнато само еден гол, додека со својот прв гол на Скубе нашиот шампион има повторно предност од три гола разлика (1:4) во 12 минута од мечот. Вардар не успева да го искористи периодот во кој имаа играч повеќе, напротив домаќинот постигна два гола во серија и намали на 3:4, но затоа Дисингер со својот прв гол зголеми во следниот напад на 3:5, додека Милосављев стигна и до својата четврта интервенција со која го одржува својот тим во позитива. Одлично игра Дисингер, нова негова „бомба“ за Вардар да ги врати оние највисоки три гола позитива (3:6) е резултатот во 17 минута од дуелот. Карачиќ го заменува германскиот интернационалец во редовите на Вардар и токму во првиот напад, откако влезе Карачиќ успева да постигне гол и за прв пат да му донесе водство на својот тим од 3:7, што беше знак за тренерот Тамше да побара тајмаут. Милосављев продолжува со одбрани, веќе стигна до својата петта одбрана, или 62% процент на успешни интервенции за српскиот голман. Кога немавме решение во нападот, тука е Кристопанс кој стигна до својот четврти гол од пет обиди кон голот на Кастелиќ, додека Фереира со својот втор гол зголемува веќе и на 5:10. Милосављев брани нов удар на Загреб, тоа е за него шестта одбрана, што му овозможува на Карачиќ да зголеми на 5:11 на пет минути пред истекот на првото полувреме. Домаќинот немаше одговор за нашата игра, едноставно беа изгубени во нападот, а со голот на Чупиќ од пенал, Вардар веќе има највисоки седум гола предност (5:12) во 28 минута. На полувреме, избраниците на Пародно се стекнаа со добро водство од 6:14.

Второто полувреме започна со гол на Дисингер кој успеа да зголеми на 6:15. По 39 минути игра, ППД Загреб успеа да ја смали негативата на 11:17. Милосављев повторно е на ниво, успеа да стигне до својата 9 одбрана, додека Шишкарев во контра-напад успева да зголеми на 12:19 во 42 минута од мечот. Вардар до овој период од натпреварот успешно ја одржуваше оваа предност. Вардар ја врати својата најдобра игра од првиот дел, врза нови погодоци и стигна до двоцифрена предност. Благодарение на голот на Дибиров и 11 одбрана на Милосављев, Вардар имаше високи 15:25 во 50 минута од дуелот. Малку веруваа дека Вардар уште по првиот натпревар ќе ги реши сите дилеми за патникот во следната елиминациска рунда. Не дека не бевме фаворити, но Вардар има голема предност пред реваншот за седум дена дена во Скопје. На крајот Вардар слави голема победа со резултат 18:27.

Милосављев имаше 14 одбрани. Карачиќ и Кристопанс постигнаа по 5 гола. Реваншот е за седум дена во Скопје, меч кој треба да биде формалност за вардаровите играчи