Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во интересни натпревари, ФК Вардар генер. 2007 забележа победа и нерешен резултат во дуелите со екипата на Кул
Во интересни натпревари, ФК Вардар генер. 2007 забележа победа и нерешен резултат во дуелите со екипата на Кул

Во интересни натпревари, ФК Вардар генер. 2007 забележа победа и нерешен резултат во дуелите со екипата на Кул

Попладнево на терените на ФФМ ново коло во детската фудбалска лига одигра генерацијата на Вардар родени 2007 година. Тие за противник ја имаа екипата на Кул, против која остваривме една победа и нерешен резултат.

54515285_2122974871082681_2902278619323695104_n

Прв пат сезонава се случи Вардар (1) да загуби бодови, играјќи со нерешен резултат (4:4) во дуелот со екипата на Кул (1). Вардар пропушти голем број на шанси пред се во првото полувреме, па тоа на некој начин ни се врати, на крајот екипата на Кул успеа да се избори за поделба на бодовите. Сепак првата поголема прилика за отварање на резултатот ја имаше екипата на Кул и тоа во првата минута од мечот кога успеаа да ја погодат стативата од нашиот гол, додека Борјан Томовски беше играчот кај Вардар кој прв се најде во прилика, но шутираше за малку покрај голот, истиот играч во следната акција ја погоди само стативата од противничкиот гол. Се закани и противникот, но успешно одбрани Лука Јаневски.

54436407_2122974581082710_2766883627902959616_n

Ибраниците на Филип Спасевски успеаа први да го отворат резултатот, откако противничката мрежа ја погоди Стефан Младеновски, кој се најде на вистинското место, после одбиената топка од пречката, откако претходно од прекин биеше Грашески, голманот на Кул ја зафати топката доволно да ја погоди пречката, но на одбиената топка налета Младеновски кој ја смести топката во мрежата за водство од 1:0. После отварање на резултатот убава шанса имаше и Киш, кој од прва бие покрај голот. Можеме да жалиме за пропуштените прилики, во шанса се најде Младеновски, кој после нафрлена топка од Томовски, ја зафати топката со глава, но добро беше поставен голманот на Кул кој ја прибра топката во своите раце. Кул успева да израмни на 1:1, но Вардар по само три минути да врати и со вториот гол денес на Младеновски да поведе со 2:1. Во последната минута од првиот дел беше досуден навистина непостоечки пенал за Кул, еден од нашите играчи чисто интервенираше на топка, но судијата кој беше на половина терен процени дека има пенал, кој Кул сигурно го реализираше за израмнување на 2:2.

54798735_2122974614416040_7026809823333187584_n

Гледавме и интересно второ полувреме, во кое беа постигнати уште по два гола во двете мрежи. Кул успева да направи резултатски пресврт и да поведе со 2:3, а на нашиот гол во вториот дел беше Антонио Пишовски, тоа е новото засилување кој дојде од екипата на Шкендија. После негативата, се обиде Грашески кој биеше од прекин, но одбрани голманот на Кул. Вардар не се предаде, повторно го напаѓаше противничкиот гол, а во листата на стрелци успеа да се запише Филип Смиљков кој погоди за 3:3. Имавме можнос да ја вратиме предноста и тоа во два наврати откако во шанса се најде Младеновски Стефан, кој прво му одбрани голманот, а во следната ситуација ја погоди за жал само стативата. Повторно не казни екипата на Кул и втор пат на денешниот дуел успева да поведе, овој пат со 3:4. Останаа уште пет минути за игра, во кои Вардар сепак успева да израмни, со хет-трик денес на Младеновски за конечни 4:4. Претходно се обиде и Милош Спасовски од прекин, но успешно одбрани голманот.

Интересен натпревар одиграа и екипите на Вардар (2) и Кул (2), на кој како победник излезе нашиот состав. Вардар имаше целосна доминација во првиот дел, кога имавме и убедливо водство. Први се заканивме преку Битиќи, кој шутира над гол, а потоа се обиде и Мичо Поповски кој шутира покрај голот. Повторно Јулијан Битиќи во шанса, која остана без реализација. Мора да се напомене дека денес одличен на голот во првото полувреме беше Даниел Исајловски, кој во три наврати одбрани големи шанси на противникот, нашиот голман остана присебен и со одлични интервенции ја спаси својата мрежа незатресена по првиот дел.

1

Вардар поведе со 1:0 и тоа со евро голот на Алексеј Ивановски кој погоди речиси од половина терен, ефектно за предност на својот тим. Јулијан Битиќи е играчот кој успева во својот трет обид да постигне гол и да зголеми на 2:0. Повторно со одлична интервенција на нашиот голман, Исајловски кој не дозволи Кул да го смали резултатот, откако одбрани чиста шанса на противникот. Тоа Вардар успева да го искористи, па со голот на Никола Јовановски од прекин, да има предност од 3:0 на полувреме.

2 3

Во второто полувреме тренерот Филип Спасевски им даде шанса за настап на сите играчи, кои му беа на располагање. Војо Стојановски беше играчот, кој прв се закани, но одбрани голманот, како и потоа Битиќи. На голот во овој дел од мечот беше Јовица Спасовски, на кој исто така ќе му одбележиме две добри одбрани. После три направени корни беше досуден пенал за Вардар, истиот го реализира Иван Блажевски за 4:0. Кога помисливме дека се е готово, екипата на Кул успева да ни постигне три гола во нашата мрежа и да намали на само еден гол негатива (4:3) беше на пет минути пред крајот. Сепак Вардар остана присебен и не дозволи до крајот изненадување, славиме на овој меч со резултат 4:3.