Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуел на најдобрите стрелци: Хорват – Криштопанс
Дуел на најдобрите стрелци: Хорват – Криштопанс

Дуел на најдобрите стрелци: Хорват – Криштопанс

Вечерашниот дуел во Загреб ќе биде и дуел на најдобрите стрелци во двата тима. Кај домаќинот тоа е капитенот на тимот Златко Хорват, а кај нашиот Вардар феноменалниот десен бек сезонава Даинис Криштопанс.

Златко Хорват е далеку напред во тимот на Загреб кога се во прашање головите. Овој десен крилен играч игра одлично сезонава во Лигата на шампионите и сигурно ќе биде голема опасност по голот на Милосављев и Гедбан. Хорват во овој момент е на бројка од 73 постигнати погодоци.

На спротивната страна е феноменалниот сезонава Даинис Криштопанс. Криштопанс игра во извонредна форма во последно време и сигурно дека денеска ќе биде нашиот главен адут на десната бековска позиција. Летонецот во овој момент е на бројка од 61 постигнат погодок, што го прави прв стрелец во нашиот тим пред Тимур Дибиров.

Како ќе се покажат Хорват и Криштопанс вечерва, останува да видиме.