Градските ривали Вардар и Работнички се соочуваат со проблеми пред утрешната дерби пресметка на Градскиот стадион во Скопје.
Васоски на утрешниот меч нема да може да смета на Кларенс Битанг. Камерунецот веќе две недели е во својата земја и сигурно нема да настапи ниту на утрешниот натпревар. Кај Работнички пак, поради повреди нема да настапат двајца многу важни играчи. Се работи за екс играчот на Вардар, Дејан Блажевски кој се здоби со повреда и ќе го нема извесен период од фудбалските терени, како и бразилецот Кабрал Жунињо.
Дуелот утре ќе биде одигран со почеток од 14:30 часот. Дојдете на Градски да навиваме за нашиот Вардар кон победа.