Александар Ставрев е одреден за главен судија на дербито на 24. коло во ПМФЛ меѓу Работнички и Вардар. Помошници на Ставрев ќе му бидат Кировски Марјан и Костадинов Дејан, додека четврти судија ќе биде Константин Влахо – сите од Скопје.
Се надеваме на фер и коректно судење од нашиот најдобар судија. Мечот се игра утре на Градскиот стадион од 14:30 часот.