Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горпишин: Да се игра за Вардар е шанса која не смеете да ја пропуштите
Горпишин: Да се игра за Вардар е шанса која не смеете да ја пропуштите

Горпишин: Да се игра за Вардар е шанса која не смеете да ја пропуштите

 

Сергеј Горпишин е првото засилување за Вардар за следната натпреварувачка сезона. Рускиот репрезентативец и член на бундеслигашот Ерланген доаѓа во Скопје како замена за Мораес Фереира кој се сели во Веспрем. Трансферот на Горпишин во Вардар е потврден и од страна на руската ракометна федерација, во која се вели дека Горпишин ќе стави потпис на двегодишен договор со Вардар.

По Светското првенство добив понуда од Вардар. Можам искрено да признам дека не го очекував ова, не бев спремен за таков пресврт на настаните. Благодарен сум што таков голем клуб ми обрна внимание. Кога дознав дека Вардар ме бара доживеав само радосни емоции. Да се игра за Вардар е шанса која не се пропушта. Слушнав многу добри работи за тимот, играчите. Се разбира, целиот свој живот го поминав во Германија, тука почнав да се развивам како ракометар. Но, кога ќе ве покани таков голем клуб, неодамнешен победник на Лигата на шампионите, треба да вложите максимални напори да ја искористите шансата, истакна новото засилување на Вардар.