Вардар е на чекор до пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Во сабота во С.Ц. Јане Сандански ќе го одиграме реванш мечот од осминафиналето против екипата на Загреб, дуел кој ќе го стартуваме со дури девет голови предност, стекната од гостувањето во Хрватска.
Се очекува полна сала на овој дуел, билети има уште малку во продажба. Сите кои нема да имаат можност да бидат во сала, директен пренос од мечот можат да проследат на Арена Спорт 4. Мечот ќе стартува од 19:30 часот.