На 2 и 3.април ќе се одигра завршниот турнир во СЕХА-лигата, на кој Вардар влегува како актуелен освојувач на ова натпреварување. Воедно, црвено-црните се и најтрофејни со четири освоени титули во СЕХА-лигата.
Пред одигрување на завршниот турнир кој ќе се одигра во Брест, од медија тимот на СЕХА го претставија нашиот шампион.