Помладите пионери на ФК Вардар речиси се пласира во големото финале на купот, откако утрово на теренот на Академијата остварија убедлива победа на првиот полуфинален меч. Противник ни е тимот на Њу Старс кој го совладавме полесно од очекувањата и тоа убедливо со резултат 7:0
Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски (c), Трпезановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Тасевски, Давидовски, Живков, Мирков, Хасани.
Вардар успеа да поведе уште во 15 минута од мечот кога резултатот за 1:0 го отвори Антонио Мирков. На вториот погодок не се чекаше многу време, по само четири минути, црвено-црните го зголемија водството на 2:0 со погокот на Абдула Хасани. Истиве играчи постигнаа уште по еден гол до крајот на првото полувреме. Најпрво Мирков во 23 минута зголеми на 3:0, за на две минути пред крајот на првиот дел, Хасани да му донесе водство на Вардар од 4:0.
Во вториот дел постигнавме уште три голови во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запишува и Славче Живков за водство од 5:0.Вардар беше доминантен на овој дуел, резултатот беше зголемен на 6:0 со голот на Петре Тасевски, додека конечните 7:0 на овој прв полуфинален дуел ги постави нововлезениот Лео Андрески кој настапи после подолго време.
Во игра влегоа уште и Андрески, Ѓорѓиевски, Марковски, Саит, Јовчев, Лозановски и Исмаиљи.