После паузата поради репрезентативните обврски, денеска Вардарци се враќаат на прволигашките натпревари. Со почеток во 14:30 часот на Градскиот стадион во Скопје, „црвено-црните“ ќе го играат градското дерби против Работнички.
На овој натпревар Вардар влегува како благ фаворит со оглед на тоа што противникот игра во крајно лоша форма а и тренерот Тасевски се соочува со низа на повредени стандардни првотимци. Кај Вардарци на овој натпревар ќе недостастува Битанг и од поодамна Попов, а кај домаќинот тоа ќе бидaт Дејан Блажевски, бразилецот Кабрал Жунињо, Силјановски и Димитровски.
Очекуваме одлична игра и на двете екипи на одличниот терен за игра. Дојдете за два часа на Градски да навиваме за нашиот Вардар и на крајот да се радуваме на победа.