Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БК Вардар денес ќе одржува вонредно Собрание
БК Вардар денес ќе одржува   вонредно Собрание

БК Вардар денес ќе одржува вонредно Собрание

Боречкиот клуб Вардар, денес (30/03/2019). сабота во Скопје свикува вонредно Собрание на клубот на кое ќе се избираат претседател, управен одбор, надзорен одбор, како и одлуки за финансирање на клубот, програма за работа, но и за тоа како дошло до лошата состојба.

Собранието ќе се одржи во ресторанот Хипократ во 18-00 часот.

За потсетување дека пред неколку месеци се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења. Очигледно имаше серија нелогичности и неправилности во истото собрание.

Иницијаторите на вонредното Собрание  имаат докази за нелигитимноста на претходното собрание и дека се направени низа прекршоци.