Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е на добар пат и шестта година по ред да се најде во најдобрите осум Европски екипи
Вардар е на добар пат и шестта година по ред да се најде во најдобрите осум Европски екипи

Вардар е на добар пат и шестта година по ред да се најде во најдобрите осум Европски екипи

Вечерва, Вардар го игра реванш мечот од 1/8 финалето во ЛШ против екипата на Загреб, дуел на кој ќе стартува со девет голови разлика, која ја стекнаа на првиот меч на гостински терен.

Вардар е на добар пат и шестта последователна година да се најде во најдобрите осум екипи во Европа. Во периодот од 2013-2016 година, црвено-црните стигнуваа до четвртфиналето. Во 2014 година во осминафиналето го елиминиравме тогашниот актуелен шампион на Европа, тоа беше екипата на Хамбург. Истата сезона бевме елиминирани во четвртфиналето од екипата на Фленсбург. Наредната година исто така обезбедивме пласман во најдобрите осум тима, откако во осминафиналната рунда ја елимиравме екипата на Висла Плок, додека во 1/4 финалето бевме поразени во двомечот од екипата на Киелце. Висла Плок повторно беше противникот со кој игравме во 1/8 финалето, во 2016 година и втор последователен пат го елиминиравме вицешампионот на Полска, додека во четвртфиналето бевме запрани од екипата на Веспрем.

Следната 2017 година беше историска за клубот, не само што мрднавме чекор подалеку, туку и успеавме истата сезона да ја освоиме и Европската титула. Минатата сезона по втор пат се најдовме на завршниот турнир во Келн, освојувајќи го четвртото место, додека вечерва имаме голема шанса повторно да се најдеме во ТОП-8 екипи во Лигата на Шампионите. Најверојатно екипата на Пик Сегед ќе биде последната пречка за момците на Парондо, до нов, кој би бил трет последователен пласман на Ф4.