Боречкиот клуб Вардар, денес (30/03/2019). сабота во Скопје свикува вонредно Собрание на клубот на кое ќе се избираат претседател, управен одбор, надзорен одбор, како и одлуки за финансирање на клубот, програма за работа, но и за тоа како дошло до лошата состојба.
Собранието ќе се одржи во ресторанот Хипократ во 18-00 часот.
За потсетување дека пред неколку месеци се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења. Очигледно имаше серија нелогичности и неправилности во истото собрание.
Иницијаторите на вонредното Собрание имаат докази за нелигитимноста на претходното собрание и дека се направени низа прекршоци.