Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Одбраната на Македонизмот е наша природна обврска, затоа нека ечи Македонска песна од сите трибини
Комити: Одбраната на Македонизмот е наша природна обврска, затоа нека ечи Македонска песна од сите трибини

Комити: Одбраната на Македонизмот е наша природна обврска, затоа нека ечи Македонска песна од сите трибини

Утре не очекува реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампионите. Вардар со голема предност од девет голови ќе го започне реваншот во арената Јане Сандански. Осмиот играч на ракометарите, популарните Комити за утрепниот дуел најавуваат масовно присуство, тие излегоа со текст на својата офиијална страна кој во го пренесуваме во целост.

На нив е да играат на теренот како да е 0:0, на нас е да грмиме на трибини од прва до последна минута ко да ќе нема утре !!!
Време за славје ќе има, но наша должност како тим со врвна Европска репутација е да бидеме на висина на задачата секој натпревар, без оглед дали бркаме или браниме резултат…
Пред сала дружба со наше пиво, а потоа со нашето присуство да бидеме хумани да помогнеме на наши членови на кои помошта им е неопходна!
Ве повикуваме да го наполниме до врв нашиот коп и заедно да создадеме атмосфера достојна на епитетот најжежок терен за играње во Европа. Одбраната на Македонизмот е наша природна обврска, затоа нека ечи Македонска песна од сите трибини, за да не потсети сите нас кои сме, што сме и од каде сме!!!