Познат е составот на кои 16 ракометари ќе смета Парондо за денешниот дуел. Во тимот ќе бидат Вуко Борозан и Сергеј Горбок. Така реши тренерот Парондо во пресрет на вечерашниот натпревар. Ова ќе биде прв официјален меч за Горбок за оваа натпреварувачка сезона. Во составот ќе биде и Вуко Борозан, тоа значи дека со комплетен состав ќе настапиме на реваншот против Загреб.
Составот на Вардар: Милосављев, Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Борозан, Стоилов, Гедбан Криштопанс, Карачиќ, Фереира, Калараш, Горбок, Дисингер, Скубе, Војводиќ, Кисељев
Дуелот започнува со почеток од 19 часот и 30 минути.