Кадетите прв пат во пролетниот дел од сезоната се поразени. Денес на теренот во населбата Јане Сандански во рамките на 18.коло, Њу Старс славеше минимално со резултат 0:1.
Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Николов, Крстевски, Ѓурковски, Зендели, Петејчук, Цури, Митревски, Манасиевски, (c), Мирчевски Спировски.
Гледавме мирно прво полувреме, во кое ниту една од екипите немаше ниту една посериозна шанса за отварање на резултатот. Првиот удар го имаше противничката екипа, но одбрани голманот на Њу Старс. Вардарци првиот директен удар го имаа на средината на првото полувреме, кога се закани Матеј Николов, биеше, но само во рацете на добро поставениот голман.
Гледавме цврста на игра на средината на теренот, Њу Старс имаше поголем посед на топка, но и тие не успеаа да создадат поконкретна акција. Денес вардаровите кадети беа драстично ослабени за неиграњето на Игнатов кој паузира еден меч поради црвен картон добие на претходниот меч против Победа, потоа без Андоновски, како и Ристовски кој се пожали на повреда пред стартот на мечот. До крајот на првиот дел, за одбележување е ударот на Митревски кој заврши покрај голот. На полувреме се замина без голови 0:0.
Прв во вториот дел се закани противничкиот тим, еден од нивните играчи биеше од лева страна, но ударот заврши покрај нашиот гол. Измени кај Вардар на стартот од второто полувреме. Во игра се Поповски и Хасановиќ, на местото на Крстевски и Петејчук. Црвено-црните имаа прилика преку Митревски кој со глава бие над голот, откако топката во противничкиот шеснаесетник ја нафрли Мирчевски.
Имавме обид и преку нововлезениот Поповски, но беа реализација, како и преку Спировски, но резултатот и понатаму остана оној почетниот. Сепак Њу Старс е тимот кој успеа прв да дојде во водство, откако еден од нивните играчи од прекин успеа да го совлада нашиот голман и да поведе со 0:1. Вардар имаше иницијатива после примениот гол, но немаше некоја голема шанса за израмнување, освен обидот на нововлезениот Омерагиќ, кој се обиде, но без реализација. На крајот триумф од 0:1 за екипата на Њу Старс.