Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за Вардар генер.2008 во дуелите со ФК Драчево
Две убедливи победи за Вардар генер.2008 во дуелите со ФК Драчево

Две убедливи победи за Вардар генер.2008 во дуелите со ФК Драчево

Две убедливи победи за момците на Колев Влатко видовме денес во двомечот со ФК Драчево на терените на ФФМ во Ново Лисиче. Двете средби на момците од ФК Вардар генер.2008  во детската лига ги добивме на убедлив начин.

ФК Вардар-1 лесно го совлада тимот на ФК Драчево-1 особено со доминацијата во текот на вториот дел. На почетокот противникот погоди и поведе со 0-1 на оваа средба. Ние имавме офанзива која по три корни донесе пенал, истиот во гол за реми 1-1 го претвори Арти Азизи. Ненад Дамјаноски и Лука Трпевски успеаа потоа да создадат прилики за водство, сепак и двајцата не ги валоризираа шансите. Драчево се закани, сепак топката по изведен слободен удар заврши над гредата. Во финишот на првиот дел го скршивме отпорот, денес одличиот Илија Митаноски погоди за 2-1, резултат со кој се замина на пауза на оваа средба.

Повторно Лука Трпевски а потоа и Азизи имаше прилика за погодок на почетокот на вториот дел, сепак повторно фалеше среќа во финишот на акциите на црвено-црните момци на овој дуел. Илија Митаноски беше перфектен во следниот обид, тој со неговиот втор гол не однесе на два позитива односно поведовме со 3-1. По овој погодок имавме неколку прилики, две најзгледни за одбележување имаа Лука Трпевски и Ненад Дамјаноски. Првиот шутна крај голот, вториот не успеаа да реализира пенал за зголемување на водството. Печат на победата стави Трпевски со погодокот за 4-1, резултат со кој се оконча оваа средба.

gggggg
Екипата на ФК Вардар-2 генер.2008 со убедливи 12-0 го “торпедираше„ тимот на Драчево-2. Отворивме рано со голот на Петар Блажевски за 1-0, тоа беше награда за одличниот офанзивен почеток. Две прилики имаше потоа Стефан Бранковски, за жал од истите не дојде удвојување на предноста. Одигравме одлична акција во која беше дело на цел тим, во финишот на истата одлично асистираше Блажевски до Киш Матеј кој зголеми на 2-0. По овој гол се одеше полесно, Стефан Бранковски погоди за 3-0 со удар од дистанца на прекрасен начин. Потоа и Шоторовски Марко и Коста Бошковски беа непогрешливи зголемивајќи на 5-0, резултат со кој се замина на одмор на оваа средба.

Вториот дел почна офанзивино веднаш во 1.минута погоди Стефан Бранковски и најави висока победа над ривалот. Потоа Киш со силен удар ја затресе гредата од голот на противникот. На сцена стапи Шоторовски Марко, со два последователни гола ја полнеше мрежата на ривалот и поведовме со високи 8-0. Следеше и гол за 9-0 преку Блажевски Петар. Топката беше на средината на теренот, Бранковски својот удар го проба погодувајќи атрактивно за 10-0. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра, па до крајот “испорачавме“ уште два гола во нивната мрежа. За конечни 12-0 погодија Коста Бошковски и Шоторовски. Доминацијата на теренот во текот на цел меч одлично се отслика во конечниот резултат.