Тимот на Вардар влезе во резултатска серија откако ги доби двете тешки скопски дерби пресметки против екипите кои ни се директни конкуренти за пласман во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.
Покрај одличните резултати во последно време, Гачевски и вардаровата одбрана можат да се пофалат со уште еден супер податок. Мрежата на нашиот тим веќе 297 минути е сочувана. Последен пат, гол на Вардар му даде Стјепановиќ на дуелот Вардар – Македонија ЃП, кој заврши 3:1 на 03 март.
Оттогаш, Вардар брои 297 минути без примен погодок. Посакуваме оваа серија да се зголеми на плус уште 90 минути, по утрешниот дуел против Силекс кој се игра на стадионот во Маџари од 15 и 30 часот.