Вечерва со почеток од 19:30 часот ќе се одигра реванш мечот од осминафиналето во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Загреб.
Црвено-црните со голема позитива од дури девет голови ќе го стартуваат вечерашниот дуел против шампионот на Хрватска. Можеби се очекуваше понеизвесен реванш, со оглед дека ова беше балканско дерби, а првиот меч беше прогласен и за дерби на неделата во Лигата на Шампионите. Сепак Загреб ги разочара своите навивачи, не успеа да избегне висок пораз и барем со малку надеж да влегоа во пресрет на реваншот во Скопје. Сепак од вардаровиот табор на прес-конференцијата предупредија дека не смее да има никакво опуштње кај играчите и дека треба да се одигра максимално во текот на сите 60 минути. Загреб нема што да загуби, па сигурно дека ќе бараат некаква шанса за позитивен реултат. Во пресрет на вечерашниот дуел, тимот на Загреб повторно беше активен во плеј-офот од хрватскиот шампионат, каде успеа да стигне и до третата последовтелна победа, овој пат на домашен терен високо беше совладана екипата на Винковци (34:21) и по три кола се наоѓа на првото место на табелата.
Вардар се уште ги нема започнато мечевите во домашната супер-лига, одложено беше првото коло со екипата на Еурофарм, кој требаше да се одигра во вторникот, но по договор на двете екипи кои имаат Европски настапи, истиот беше одложен. Што се однесува до составот со кој ќе излеземе на овој реванш дуел, тренерот Парондо нема да калкулира и оди со најсилниот состав да го потврди пласманот во осумте најдобри екипи во Европа, достигнување кое го правевме и во изминатите пет сезони.
Голема поддршка како и на секој претходен, така и на овој натпревар, црвено-црните ќе имаат од своите најверни Комити кои изминативе денови беа доста активни преку својата официјална страна, на која се повикуваа нивните членови да дојдат на овој меч, за да поздрават уште еден голем успех на Вардар. Се очекува полна арена, а сите кои нема да бидат во сала, директен пренос од мечот ќе врши Арена Спорт 4 и ХРТ-2.