Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Историја > (ФОТО) Плејада на играчи на РК Вардар на едно место, истите ги бранеа боите на црвено-црните од 70-сетите до почетокот на овој век

(ФОТО) Плејада на играчи на РК Вардар на едно место, истите ги бранеа боите на црвено-црните од 70-сетите до почетокот на овој век

РК Вардар  и љубовта кон него е заедничка нишка која ги спојува многу животи на поранешни членови на ова ракометно семејство. Па така се одржа средба поранешни  20 ракометари  и тренерот Трчески Буцо од повеќе генерации, родени од 1952 се до 1971 година.

ww ww2

Од повозрасните беа: Ванчо Јовановски(голман), Митко(пикер) Никола Божиновски (бек), Кире Ивановски-Ќумбе (крило), Зоран Гиевски, Боте благајник на младинскиот тим и претседател на женската екипа. Буцо Трпевски-трнер, Зоран Гиевски (д.Крило), Тони Николовски, Аце Станковски (л.крило), Кипровски Никола (крило) и Зиков Никола (лев бек). 

ww3 ww6

На оваа средба имаше спој на генерации кои играле  за Вардар од 70сетите до почетокот на новиот милениум. Присутни беа и: Жика Стојановски (пикер), Петковски Зоран(голман), Хајрединовиќ Пајо (пикер), Мариновиќ Зоран (л.бек), Ѓорѓиевски Среќко (л.бек), Владимир Глогоров (голман), Кипровски Коста (голман),  Мицевски Митко (пикер) и Александар Царчев (голман).

.…Не џабе се вели- ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ-ЦЕЛ ЖИВОТ ВАРДАРЕЦ…

ww5