По формирањето на сите 1/4 финални двојки, се крена голема дилема на кој точно датум нашиот состав ќе го пречека тимот на Пик Сегед.
Едно е јасно. Дуелот во Скопје ќе биде одигран во периодот од 24 (среда) до 28 (недела), а според информациите до кои дојде Вардар Фанс се дека нашиот тим сака дуелот да биде одигран во среда или четврток, а не во сабота или недела кога е Велигден.
Се ќе биде познато во текот на овие неколку денови, па останува да сочекаме.