Втора победа за вардаровата генерација 2007 на турнирот во Бугарија. Попладнево црвено-црните славеа во дуелот со екипата на Марек од Дупница, убедливо со резултат 7:1.
Самиот резултат говори за случувањата на теренот, а покрај постигнатите голови избраниците на Спасевски имаа уште неколку добри шанси за постигнување на гол. Најмладиот во оваа генерација, Александар Грашески успеа да постигне два гола, додека по еден беа дело на Милош Спасовски, Емир Шаботиќ, Марко Киш, Михаил Јорданоски и Мичо Поповски.
Во текот на вчерашниот ден, во првото коло, вардарци беа подобри и од екипата на Рилски Спортист, забележувајќи победа од 2:0. Утре е слободен ден за вардаровите генерации кои ќе го искористат за одигрување на пријателски мечеви со бугарските екипи.