ЕХФ ги објави термините за четвртфиналниот двомеч во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Пик Сегед.
На велики четврток, или на 25.април, Вардар во С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на првиот дуел, истиот ќе се одигра во вечерен термин од 20:00 часот. Реваншот во Унгарија е закажан за на 5.мај ( недела) со почеток од 19:00 часот.
Вардар ќе се обиде и трет последователен пат да се најде на завршниот турнир во Келн. Во наредниве денови ќе се знае и кога ќе бидат пуштени билетите за дуелот во Скопје.