Кога одбраната е на ниво, тогаш лесно му е на Вардар да запише три бода. Нашата одбрана на чело со Гачевски – Новак – Манев и Брдаровск е најзаслужна што Вардарци по 25 одиграни рунди имаат примено само 16 погодоци и со самото тоа ги прави најдобра одбрана во ПМФЛ со два гола минус од Шкендија и Академија Пандев.
Треба да се напомене дека Манев и Новак играат одлично, а Гачевски со своите интервенции ја чува мрежата и е во серија од 387 минути без примен гол.
Утре Вардарци ги чека нов тест, овој пат во Охрид против Победа. Се надеваме дека и по овој натпревар мрежата на Гачевски ќе биде сочувана и серијата на натпревари без примен гол ќе се зголеми пред следните две дерби пресметки против А.Пандев и Шкендија на домашен терен.