Македонскиот шампион Вардар ќе игра трето финале по ред во СЕХА лигата, откако ја расипа белоруската забава и вечерва во „Викторија Арена“ го совлада Мешков Брест со резултат 25-23 (14-10).
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов одигра натпревар за секоја почит. Неуморниот вечерва Стоилов постигна седум погодоци од исто толку обиди, а освен во нападот, одигра и речиси цел дуел во одбраната. Каков меч беше ова на Столе.. никој, ама апсолутно никој вечерва неможеше да го задржи нашиот кружен напаѓач!
Несомнено, Стоилов е играч на денешниот дуел заедно со феноменалниот Дејан Милосављев кој имаше дури 15 успешни одбрани.
Секоја чест момци!