Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Таа испиша историја, Будимир прва дама на кормилото на машка репрезентација, “Челичната Лејди“ на клупата на Македонија
Таа испиша историја, Будимир прва дама на кормилото на машка репрезентација, “Челичната Лејди“ на клупата на Македонија

Таа испиша историја, Будимир прва дама на кормилото на машка репрезентација, “Челичната Лејди“ на клупата на Македонија

Нејзината “ѕвезда“ одамна е сјајна, таа и го преодреди животот да биде лидер, да ги руши табуата и границите во спортот. Тренерот на кадетскиот тим на РК Вардар, Андријана Будимир е првата дама во земјава која доби прилика да предводи машка ракометна репрезентација. Некогашната ракометарка на Кометал ЃП, играчот со две европски круни, голем број настапи за својата селекција на големи натпреварувња по крајот на кариерата како спортист започна да го пренесува своето знаење на идините генерации, што се покажа како животно исправна одлука, бидејќи таа токму на ракометниот терен е она својата, таму е  најдобра.

dd4

Во црвено-црниот тим го предводи кадетскиот состав на РК Вардар, екипа која буквално може да кажеме дека ја “израсна“. Од првиот момент кога овие момци зачекорија во Вардар е со нив, со дел и претходно работела во нејзината школа. Создаде екипа која “гази“ се пред себе, доминира во својата категорија што беше препорака за оваа фунција во РФМ, бидејќи едноставно го има х-факторот на создавање на одлични играчи.  Таа се посвети на машки тим нешто што безмалку во почетокот беше проследено со сомнеж,  сепак покажа и докажа дека со љубов и посветеност не постојат граници во спортот. Не само што “учестувава“ во машката лига таа жнее трофеи, со својот тим лани стана Шампион во пионерска конкуренција, истата екипа сега доминири оваа сезона со 100% ефект во кадетската лига. Решена беше и покажа дека во спортот важен е карактерот, преданоста, жалбата, љубовта и макотрпната работа, а не полот или “востановената пракса“.

dd2

Го доби прекарот “Челичната лејди“ бидејќи во “суровиот’ машки свет покажа дека може да ги држи конците во свои раце. Дека може да ги сруши табуата и да воведе нови граници, да испише нова досега не испишана историја од една дама. Таа е одличен педагог, предан тренер, строг ментор кој бара и добива многу од своите момци, што ја прави најдобра во оваа конкуренција и што и донесе шанса за ново докажување во црвено-црната селекција. Сепак покрај оваа “челична“ дисциплина која ја наметна во неа секогаш нејзините играчи имаат “мајка“. Сите кои ги следат дуелите на нејзините момци знаат со колку внимание и љубов пристапува кон нив како личности, секогаш кога има повреден играч е до него, го бодри и загрижено очекува кој е исходнот од лекарската интервенција. Како лавица се бори за сите свои пулени, секогаш покрај големиот број на задачи кои им ги испорачува, се однесува заштитинички кон нив, постојано  им е столбот на кој може да се потпрат, таа е нивната заштитничка. Пред извесно време се оствари како родител, сепак поголем дел од нејзиниот ден го минува во работа со својот тим или пулените од нејзината школа, што само покажува за каков перфектен ракометен професионалец се работи. Посветеноста на успехот и е пред се, за тоа ретко за кој може да се потенцира како доблест.

dd3

Колку добар избор за фунцијата во селекцијата покажува и фактот што благовремено успева да направи селекција на ракометните потенцијали. Па така на последниот дуел во Црна Гора на женската младинска селекција настапија три девојки од Вардар, кои се “производ“ на нејзината школа, девојки кои ги имале ракометните почетоци кај неа. Станува збор за одличниот голман на црвено-црните, Симона Грујовска, крилото кое прв избор и во Вардар и во селекцијата, Мими Петковска и бекот Седлоска Андреа.

dd7

Таа ќе ја предводи репрезенацијата на Македонија за момци  родени 2002 на официјален ЕХФ турнир во Унгарија. Балатон куп ќе се одржи од 11 до 13.април каде ќе црвено-жолтите ќе играат против репрезентацијата на Србија и Унгарија.