Вардар е победник на осмата сезона на СЕХА-лигата, откако славеше во големото финале на Ф4 турнирот, против тимот на ППД Загреб, кој го совлада со резултат 26:23. Третото место е за Брест Мешков кој во малото финале го совлада Нексе.
Со оглед дека оваа е последна сезона за Карачиќ во Вардар, до крајот на сезоната сите трофеи кои ќе ги освоиме ќе ги подигне токму Карачиќ, за кој ова беше петти трофеј во СЕХА-лигата.
Погледнете ја завршната церемонија од доделување на медалите и трофејот.