Малку веруваа дека некој барем ќе биде приближна замена на голот на Вардар, после заминувањето на Арпад Штгербик. Од клубот на почетокот на новата сезона се решија да донесат „анонимен“ голман од редовите на Партизан, се работи за Дејан Милосављев за кој македонската но и ракометната Европска кавност малку беа запознаени. Сепак популарниот „банда“ се покажа како вистинско откритие и многу бргу ги освои симпатиите на сите вардарови навивачи. Речиси секој негов натпревар на голот на Вардар е со двоцифрен број на одбранети удари, а беше прогласен и за најдобар голман на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата. Често се наоѓа и во изборите на ЕХФ, во делот а најдобри одбрани, како и за голман на колото. Не е воопшто изненадување, што ракометните експерти во ЕХФ го сместија во листата на 20 имиња, во кои во иднина гледаат дека можат да бидат ракометни светски ѕвезди.
-Малку знаеја за српскиот голман пред тој да пристигне во Вардар ова лето, но тоа брзо се смени затоа што тој веднаш направи разлика со одличната партија против европскиот првак, Монпелје. Малата минутажа на СП не влијаеше на неговата клупска форма, но од 23-годишниот голман се очекува да биде клучна фигура во репрезентацијата на Србија во 2020 и понатаму“, напишаа ЕХФ за нашиот голман.
Целата листа на 20 ракометари која ја објави ЕХФ можете да ја погледнете на линкот, ТУКА.