Saturday ,08 February 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Едно прво и две втори места за вардаровите генерации на турнирот во Бугарија
(ФОТО) Едно прво и две втори места за вардаровите генерации на турнирот во Бугарија

(ФОТО) Едно прво и две втори места за вардаровите генерации на турнирот во Бугарија

Изминатиов период три генерации на ФК Вардар беа дел од меѓународен турнир во Бугарија. Денес беше последниот натпреварувачки ден, на кој освоивме едно прво и две втори места.

vardarfans-1

Генерацијата 2009 на ФК Вардар го освои второто место на турнирот иако немавме ниту еден пораз, но поради полошата гол разлика не успеавме да бидеме освојувачи на турнирот. Денес на последниот меч се сретнавме со силната екипа на Левски-Раковски, тоа беше дуел кој одлучуваше за првото место. Во еден интересен натпревар на крајот мечот заврши со нереши 2:2, резултат кој му одговараше на противникот. Вардар успеа прв да го отвори резултатот со голот на Дарин Михајловски, но до крајот на првиот дел Левски направи целосен пресврт, постигна два гола во нашата мрежа и стигна до предност од 2:1.

vardarfans-2009

Во вториот дел избраниците на Илија Колевски успеаа да израмнат на 2:2 преку Павел Котески-Митровски. На голот претходеше одлична акција, по десната страна центар шут упати Даниел Колевски, а на вистинското место се најде Котески-Митровски кој израмни на 2:2. Одличен натпревар за око и двете екипи имаа свои шанси, на крајот немаше победник. На овој турнир генерацијата 2009 на Вардар забележа четири победи и еден нерешен резултат.

56536196_2310186629019617_2697944940331139072_n

Генерацијата 2007 на Вардар успеа да го освои турнирот во Бугарија, откако денес стигна и до својот четврти триумф од исто толку одиграни мечеви. Избраниците на Спасевски во решавачкиот натпревар минимално ја совладаа екипата на Левски-Раковски со резултат од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Александар Грашески од пенал. Конечниот резултат не ја отсликува реалната ситуација на теренот, црвено-црните целосно го надиграа противникот, имаа неколку стопроцентни шанси, кои останаа нереализирани, сепак на крајот е важно што победивме и што стигнавме до првото место на турнирот.

vardarfans-turnir-2

Генерацијата 2006 која е исто така предводена од Спасевски го освои второто место на турнирот, откако на последниот меч го претрпе својот прв пораз тука во Бугарија. Подобри од нас беа екипата на Метал, кои славеа со резултат од 2:0. Според информациите немало многу фудбалска убавина овој меч, бил досуден непостоечки пенал за противникот кој го реализирал, додека имало и лошо однесување од страна на противничките играчи и тренери. Сепак нашите млади надежи на турнирот прикажаа добра игра, оставија срце на терен и имаа голема победа против екипата на Левски од Софија.