Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гледајте го четврт-финалниот натпревар за 400 и 450 денари

Гледајте го четврт-финалниот натпревар за 400 и 450 денари

Од понеделеник, 8 април па се до недела 14 април 2019 година ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалниот натпревар во ЛШ. По истекот на овој период односно од 15 април сите билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Со приоритената замена на билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале на осмина-финалниот меч од Лигата на шампионите. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите за првиот меч од четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед

Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини:
* 400 денари за местата на трибина
* 450 денари за А блоковите

Од 15 април ќе почне регуларна продажба на влезници за четврт-финалниот меч и ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански”.

Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – недела) од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на билетот ос осмина-финалниот меч заради докажување на местото што сте го имале.

Повеќе информации околу замената може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980

Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.