Вардар испиша нова историја, откако успеа по трет последователен пат да ја освои СЕХА-лигата. Ова беше вкупно петти трофеј за црвено-црните во седмото финале на ова натпреварување. На Ф4 турнирот кој се одигра во Брест, Вардар најпрво во полуфиналето го совлада токму домашниот тим, за во големото финале да бидат подобри и од Загреб. Луѓето од СЕХА со посебно видео го одбележаа шампионското славје на вардарци.