Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Slider > Половина Вардар повикан во своите репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП
Половина Вардар повикан во своите репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП

Половина Вардар повикан во своите репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП

Дури 10 играчи од Вардар добија повик од селекторите на своите репреззентации за претстојните квалификациски натпревари, за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одигра во Австрија, Норвешка и Шведска.

Новиот селектор на Македонија, Данило Брестовац, ќе го има своето деби на клупата на сениорската репрезентација на 10.април кога гостуваме во Исланд, за четири дена подоцна да се одигра реваншот во Скопје. За овој двомеч на конечниот список се најдоа двајца ракометари на Вардар. Се работи за Стојанче Стоилов и Мартин Поповски.

Дејан Милосављев е единствениот вардарец кој се најде на скратениот список на селекторот Перуничиќ за претстојните два натпревари на Србија, кои за противник ја имаат Хрватска, за која ќе настапи Игор Карачиќ. Србија најнапред ќе биде домаќин на Хрватска во Белград на 11 април, а три дена подоцна ќе гостува во Задар.

Најмногу вардарци ќе има во составот на Русија и тоа пет, за двомечот против селекцијата на Унгарија. На 11.април, Русија е домаќин, за три дена подоцна да гостува во Унгарија. На списокот на селекторот Кокшаров, се најдоа Дибиров, Шишкарев, Калараш, Кисељев и Горбок.

Настап во овие квалификациски мечеви ќе има и Даинис Кристопанс кој со Летонија на 11.април најпрво гостува на Естонија, за вториот меч да го одиграа пред својата публика на 14.април.