Три генерации на ФК Вардар беа дел од турнир во Бугарија, на кој освоија едно прво и две втори места.
Вардарци собраа и дел од поединечните награди на турнирот. Така Марко Баснарков и Андреј Данстак беа прогласени за најдобри голмани во генерациите 2009, односно 2006.
Александар Грашески кој со генерацијата 2007 успеа да го освои турнирот е прогласен за најдобар среден играч, додека неговиот соиграч Јулијан Битиќи зема награда за најдобар напаѓач. Признание имаше и за Димитар Порчу од генерацијата 2006 како најдобар одбранбен играч.