Пионерските екипи на ФК Вардар денес гостуваа во Ѓорче, на екипата на Њу Старс, во рамките на 19.првенствено коло. Екипите на Деспотовски и Кралевски стигнаа до големи победи, во борбата за трофејот.
Помладите пионери успеаа да стигнат до минимална, но многу важна победа во борбата за титулата. Избраниците на Филип Деспотовски славеа на меч против Њу Старс, во рамките на 19. првенствено коло. Единствениот гол падна во 16.минута од мечот, а истиот го постигна Георг Стојановски. Вардар имаше уште неколку добри шанси за погодок, кои не беа искористени.
Вардар: Јовчев, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски (c), Сељанац, Тасевски, Давидовски, Стојановски, Мирков, Живков.
Пионерите на Кралевски беа многу поубедливи на денешниот меч. Сосема поинаков Вардар гледавме за разлика од мечот кој се одигра минатата недела. На овој дуел црвено-црните беа решени да докажат дека се многу подобри од противникот. Тоа и се случи на крајот, кога стигнаа до убедлива победа од 0:4. Мартин Радуловиќ-Величковиќ беше играчот кој успеа да го отвори резултатот на 0:1 во 29 минута, резултат кој се покажа како актуелен по првите 45 минути од натпреварот. Истиов играч во 60 минута му донесе водство на Вардар и од 0:2, по што полека се наѕираше победникот на овој натпревар. Целосна иницијатива имавме на овој меч, едноставно не му дозволивме на противникот посериозно да се закани кон нашиот гол. Со голот на Али Асани успеваме во 66 минута да зголемиме и на 0:3, додека конечните 0:4 на овој натпревар со својот хет-трик ги постави Мартин Радуловиќ-Величковиќ за конечни 0:4 на овој дуел.
Вардар: Стојковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Хасани, Трајановски, Омерагиќ (c), Радуловиќ-Величковиќ, Салиу.
Со овие победи пионерските екипи на Вардар го задржаа врвот, со можност да ја зголемат бодовната разлика пред конкурентите за трофејот.