Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига

Денес на терените на ФФМ момците на Илија Колевски, ФК Вардар генер.2009 одигра два дуели во детската лига. Црвено-црните момци остварија една победа и еден пораз на денешните соочувања.

a5
ФК Вардар-1 со резултат 3-1 го совлада тимот на ФК Сарај. По топло време започна дуелот, тешко се движевме поради високите температури. Тргнавме офанзивно по првата судиска свирка, прва прилика од слободен удар имаше Дарин Михајловски која не ја претвори во гол. Јаков Стојковски стапи на сцена имаше три големи прилики, во првата и треттата не успеаа да погоди. Затоа во втората доби одлична топка во празно од Павел Котески-Митровски мајсторски ја прими и погоди за 1-0. Брзо потоа успеавме да ја удвоиме предноста преку Марко Петровски кој стрелаше за 2-0. До крајот на првиот дел видовме одбрана на Баснарков Марко и удар на Васе Папалиски. Со предност од два гола заминавме на одмор.

a4
Вториот дел започна со наша иницијатива повторно прилика да стрела имаше Васе Папалиски. И по ударот од дистанца на Јаков Стојковски неуспеавме да зголемиме. Истиот играч успеаа да погоди за 3-0. Противникот по една мешаница по изведен корнер намали на 3-1. Сепак ние умно го доведовме дуелот до крај и успеавме да победиме со два гола предност, 3-1 на оваа средба.

a3

ФК Вардар-2 забележа пораз во дуелот со тимот на ФК Винер Спорт. Ривалот отвори со гол на оваа средба за предност со 0-1. Ние пробавме да се вратиме во игра, беше топло и спарно време кое ни ја отежнуваше играта. Максим Павловски се обиде да погоди, сепак голманот на ривалот исфрли во корна. По слободен удар противникот ја удвои предноста и поведе со 0-2. Ние сакавме да намалиме, Бабунски Алек неуспеа да намали од изгледна прилика. Со овој резултат заминавме и на одмор.

a2
На нашиот гол во текот на двете полувремиња Баснарков Марко имаше одлични интервенции и не спасуваше од поголемо водство на ривалот. Во вториот период се обидовме да намалиме, имавме неколку прилики кои не ги претворивме во гол. Противникот казни, зголеми на 0-3. Со овој резултат се оконча оваа средба.