Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не искористи неколку огромни шанси за двојна предност, а прими и гол по кикс за крај на серијата без примен гол
Вардар не искористи неколку огромни шанси за двојна предност, а прими и гол по кикс за крај на серијата без примен гол

Вардар не искористи неколку огромни шанси за двојна предност, а прими и гол по кикс за крај на серијата без примен гол

Вардар одигра само 1:1 со Академија Пандев. Велиме само 1:1, бидејќи ова беше добиен натпревар за нашиот тим. На водство од 1:0, Фелипе и Попзлатанов пропуштија три големи шанси да постигнат нов погодок и да го решат натпреварот. Згора на се, Вардар прими и гол по огромен кикс на Новак и пропадна серија од повеќе од 500 минути без примен погодок.

Вардарци одиграа супер прво полувреме попладнево во Маџари и сосема заслужено на пауза имаа предност од 1:0. Се играше 28. минута, одличен погодок на Даниел Аврамовски со шут од 20 метри. Ниско по земја погодува за првенец во дресот на Вардар и голема радост. По постигнувањето на погодокот Вардар ја контролираше играта, створи уште неколку добри акции, но изостана реализација. Кон крајот на првиот дел се закани и Дарко Мицевски со удар од 20 метри, а голманот на гостите со многу напори успеа да одбрани и спречи нов гол. Гостинот во првиот дел имаше една добра шанса и тоа преку Давид Атанасковски кој проби по левата страна, шутираше откосо од 12 метри но Гачевски брани.

Првите 15-сетина минути од вториот дел минаа со иницијатива на гостите, а Вардар својата шанса се реши да ја бара преку брзи контри и грешки на противничката одбрана. Токму една таква акција направи нашиот тим во 62 минута. Лира одлично отвори контра напад, му даде пас на Фелипе кој беше сам и од 12-сетина метри биеше, но голманот на гостинот одлично излезе и топката го удри во телото и спречи нов гол за домаќинот. Во продолжението од натпреварот кај Вардар во игра влегоа Попзлатанов и Ибиши на местата на Аврамовски и Колевски. Како се наближуваше финишот, така гостинот се повеќе притискаше пред голот на Гачевски. Бојовиќ го повлече и третиот потег, во 71. минута во игра влезе и Најдовски на местото на Адем. Уште една голема шанса пропушти Вардар. Во 76. минута Фелипе одлично отвори контра напад, му додаде супер топка на Попзлатанов, кој многу чекаше и упати лош удар само во добро поставениот голман на гостите. Уште една супер шанса пропушти Попзлатанов. Се играше 83. минута, офанзивниот играч и овој пат многу чекаше, на крајот биеше, но од самата гол линија еден противнички играч спаси и отстрани 2:0 за Вардар. Одма потоа дојде и казната. Дориев искористи еден голем кикс на Новак, и со лоб удар го матираше Гачевски за 1:1. Со овој гол и заврши серијата на Гачевски без примен гол од повеќе од 500 минути. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.