Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардарците од генер. 2005 повторно ја „преслушаа“ Шкендија, избраниците на Петковски ќе играат во големото финале на купот
Вардарците од генер. 2005 повторно ја „преслушаа“ Шкендија, избраниците на Петковски ќе играат во големото финале на купот

Вардарците од генер. 2005 повторно ја „преслушаа“ Шкендија, избраниците на Петковски ќе играат во големото финале на купот

И трета генерација на фудбалскиот клуб Вардар денес успеава да се пласира во големото финале на националниот куп. На теренот на Академијата генерацијата 2005 на Вардар и втор пат ја совлада екипата на Шкендија, овој пат со резултат 3:1 и на тој начин се избори за финале во купот на Македонија.

Вардар: Филевски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Гаштаров, Уневски, Кулуковски, Таневски, Цветков, Галевски.

Избраниците на Зоран Петковски одиграа нов одличен натпревар и сосема заслужено ќе се борат за трофејот. Вардар успеа прв да го отвори резултатот и со голот на Филип Јовановски во 20 минута да поведе со 1:0. Шкендија до крајот на првиот дел, односно во 29 минута успеа да го израмни резултатот на 1:1, откако нашиот голман Филевски си постигна авто-гол. После израмнувањето долг период не видовме гол на мечот, за црвено-црните за само три минути да постигнат два нови голови во противничката мрежа и тоа дел на еден ист играќи. Најпрво во 70 а потоа и во 73 минута капитенот Никола Величковски го постави конечниот резултат од 3:1 на овој реванш натпревар од полуфиналето на купот.

На првиот меч одигран во Тетово, Вардар исто така забележа убедлива победа од 0:3. На денешниот меч во игра влегоа уште и Антевски, Ристовски, Конески и Стефаноски.