Управата на РК Вардар го договори второто засилување кое од ова лето ќе биде дел од „црвено – црниот” тим од Скопје. По Сергеј Горпишин, следната сезона дресот на Вардар ќе го брани Дан Емил Ракотеа (23) од Романија.
Се работи за лев бек (202 сантиметри) кој игра и во нападот и во одбраната, а во редовите на Вардар доаѓа од Висла Плоцк, каде веќе неколку сезони настапува. Романецот иако од следната сезона требаше да биде дел од Веспрем, сепак, една година ќе мине во нашиот тим како позајмен играч.
На Ракотеа „Јане Сандански“ не му е непозната средина. Во 2016 година овој играч со неговиот тим гостуваше кај Вардар во рамките на 1/8 финалето од Л.Ш. На тој натпревар Ракотеа одигра одлично и постигна 5 погодоци.
Ракотеа доаѓа на местото на Борозан, кој и дефинитивно си заминува по крајот на оваа натпреварувачка сезона.