И трета генерација на фудбалскиот клуб Вардар денес успеава да се пласира во големото финале на националниот куп. На теренот на Академијата генерацијата 2005 на Вардар и втор пат ја совлада екипата на Шкендија, овој пат со резултат 3:1 и на тој начин се избори за финале во купот на Македонија.
Вардар: Филевски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Гаштаров, Уневски, Кулуковски, Таневски, Цветков, Галевски.
Избраниците на Зоран Петковски одиграа нов одличен натпревар и сосема заслужено ќе се борат за трофејот. Вардар успеа прв да го отвори резултатот и со голот на Филип Јовановски во 20 минута да поведе со 1:0. Шкендија до крајот на првиот дел, односно во 29 минута успеа да го израмни резултатот на 1:1, откако нашиот голман Филевски си постигна авто-гол. После израмнувањето долг период не видовме гол на мечот, за црвено-црните за само три минути да постигнат два нови голови во противничката мрежа и тоа дел на еден ист играќи. Најпрво во 70 а потоа и во 73 минута капитенот Никола Величковски го постави конечниот резултат од 3:1 на овој реванш натпревар од полуфиналето на купот.
На првиот меч одигран во Тетово, Вардар исто така забележа убедлива победа од 0:3. На денешниот меч во игра влегоа уште и Антевски, Ристовски, Конески и Стефаноски.